Бизнисот бара Национален гарантен фонд за полесно аплицирање до европските фондови

Bez autora
Mar 06 2012

Стопанската комора на Македонија бара по примерот на соседните земји во Македонија да се формира Национален гарантен фонд, од кој ќе се обезбедуваат средства за кофинансирање на компании кои би аплицирале до европските фондови. Предлогот е фондот да се формира во рамките на Македонската банка за поддршка на развојот и би помагал во издавањето на гаранции за обезбедување на потребниот колатерал. Фирмите би обезбедиле кредитни линии од комерцијалните банки. Преку фондот би го обезбедиле учеството од 50% или 25% за кофинансирање и аплицирање према програмите на Европската унија. Таа нагласи дека од испитувањата на Комората и анкетите спроведени кај членките на СКМ е дојдено до заклучок дека најголем проблем до пристапот на финансиски средства како за сопствените развојни програми, така и за повлекување на средствата по основ на достапните програми од Европската унија, е обезбедувањето на потребниот колатерал, односно обезбедувањето сопствено учество од 50%. Проблем била е и недоволната информираност.

Бизнисот бара Национален гарантен фонд за полесно аплицирање до европските фондовиСтопанската комора на Македонија бара по примерот на соседните земји во Македонија да се формира Национален гарантен фонд, од кој ќе се обезбедуваат средства за кофинансирање на компании кои би аплицирале до европските фондови.

Предлогот е фондот да се формира во рамките на Македонската банка за поддршка на развојот и би помагал во издавањето на гаранции за обезбедување на потребниот колатерал.

- Фирмите би обезбедиле кредитни линии од комерцијалните банки. Преку фондот би го обезбедиле учеството од 50% или 25% за кофинансирање и аплицирање према програмите на Европската унија - рече Стојмирка Тасевска од Стопанската комора на Македонија.

Таа нагласи дека од испитувањата на Комората и анкетите спроведени кај членките на СКМ е дојдено до заклучок дека најголем проблем до пристапот на финансиски средства како за сопствените развојни програми, така и за повлекување на средствата по основ на достапните програми од Европската унија, е обезбедувањето на потребниот колатерал, односно обезбедувањето сопствено учество од 50%. Проблем била е и недоволната информираност.

- Тоа посебно се однесува за ИПАРД програмата на ЕУ каде е неопходно и стопроцентно обезбедување на средствата за инвестицијата, а по нејзината целосна реализација се врши повлекување на грантот во износ од 50% - рече Тасевска.

Слични фондови веќе имаат Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија и Романија.

- Хрватскиот фонд располага со капитал од 100 милиони евра. Бугарскиот национален гарантен фонд е формиран со европски пари преку програмата ЦИП, а Словенечкиот нуди гаранции по кредитните линии за максимален заем од банка од 1,5 милиони евра, со каматна стапка 6 месеци ЕУРИБОР + 0,8 отсто, и гарантира за 60% со микро гаранции и 80% со гаранција за технологија, иновативни проекти, гаранции за нов бизнис, за развој - појасни Тасевска.

За да и се овозможи на Македонија пристап до фондовите за 2012 година, Владата ќе плати влезен билет од 1,62 милиони евра или 125.881 евра за ЕИП - Екоиновации, 65.152 евра за ИКТ, 230.000 за Интелигентна енергија и 1,2 милиони евра за ФП7 програмата. Искористеноста на средствата од европските фондови во земјава се движи од 8% или 6,5 милиони евра за ИПАРД програмата до 16% или околу 8,5 милиони евра за Програма за истражување ФП7.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik